• Зоран Мишевски
Младиот Британец, Ентони Џошуа пред борбата со ветеранот Владимир Кличко на 29 април на стадионот „Вембли“ во Лондон е огромен оптимист.
„Ќе бидам легенда по бирбата. Во моментов сум шампион на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ), но наскоро ќе влезам во историјата. Нема да го победам само Кличко, туку ова е само почеток на една моја долга серија. Ова е почеток на една легендарна кариера“, рече за британските медиуми Џошуа.
Бубмејкерите не се така убедени дека Кличко ќе заврши на подот и облозите се поделени околу победникот на борбата.