• Сашо Поповски
Ентони Џошуа не чекаше многу и веднаш ја активира клаузулата за реванш против Олександр Усик.
Британецот ги загуби ИБФ, ВБА и ВБО појасите по поразот минатиот месец. Неколку недели по борбата тој започна да тренира и да ја планира одмаздата за украинскиот ривал.
Усик ја прифатил понудата, но поставил услов настанот да се одржи во неговата родна земја. Наскоро се очекуваат повеќе детали во врска со оваа борба. Реваншот меѓу Џошуа и Усик се очекува да биде закажан во пролетните месеци во 2022 година.
Џошуа требаше да се сретне со Тајсон Фјури. Но, неговиот британски ривал поради договорот со Деонтеј Вајлдер беше приморан на трета борба, која ја доби со спектакуларен нокаут.