• Зоран Мишевски
Англискиот боксер Ентони Џошуа, поранешен светски шампион во тешка категорија, на 12 август во Лондон ќе се бори со својот сонародник Даниел Вајт, соопштија промоторите на мечот.
По два последователни порази од Александар Усик, Џошуа го победи на поени Американецот Џермејн Френклин во април. Долготрајните преговори меѓу Џошуа и шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури за потенцијална борба повторно пропаднаа и на Џошуа му беше понуден меч со Вајт.
„Јасно кажав дека планот ми е да бидам активен оваа година и на 12 август ќе бидам подготвен за борба“, изјави Џошуа.
Ако го победи Вајт, Џошуа ќе се соочи со Даонтај Вајдер во уште еден меч во тешка категорија.