Џошуа и Пулев ќе излезат во рингот во мај во Истанбул

Човекот кој си ги врати шампионските појаси во бокс, Британецот Ентони Џошуа, ќе ги брани титулите во тешка категорија против Бугаринот Кубрат Пулев во мај годинава.

Бугаринот со објава на социјалната мрежа Фејсбук ги израдува своите фанови, а веста брзо се прошири и во Британија.

Борбата треба да се одржи во Истанбул на стадионот на Бешикташ, „Водафон парк“, но информација не е потврдена од страна на Светската боксерска федерација.

Пулев зад себе има 29 борби и само еден пораз од Владимир Кличко, во меч кој беше оддржан пред пет години.