ВИДЕО: Џошуа го нокаутира Пулев и закажа меч за апсолутен шампион против Фјури

Британскиот боксер Ентони Џошуа е неприкосновен крал на боксот во тешка категорија. Шампионот вечерва во борбата во салата на „Вембли“ во деветата рунда го нокаутира предизвикувачот Кубрат Пулев од Бугарија и ги одбрани титулите светски првак на ИБФ, ИБО, ВБА.

Џошуа беше доминантен и со оваа победа се доближи до мечот на кариерата за апсолутен светски шампион со Тајсон Фјури. Џошуа чекаше погоден момент да го погоди противникот и да ја заврши борбата и во деветтата рунда го дочека тој момент.

Ентони Џошуа го нокаутира предизвикувачот кој покажа квалитет, но недоволен за победа над шампионот. Илјада гледачи имаа можност да уживаат во спектаклот во Лондон. 

  • Нокаутот во деветтата рунда во борбата Џошуа - Пулев: