Џошуа го доби ривалот, Енди Руиз Јуниор е замената за допингуваниот Милер

Енди Руиз Јуниор е противникот на Ентони Џошуа во бокс-меч за титула во супертешка категорија. Промоторот на Џошуа Еди Херн откри дека недостигаат само детали за договор на борбата и пронаоѓање на слободен термин. 

Енди Руиз забележа 32 победи и само еден пораз, 21 победа остварил со нокаут. Руиз Јуниор е замена за Џарел Милер, кој требаше да излезе во ринг на 1 јуни, но поради позитивни допинг тестови борбата пропадна.

Голема дилема е каде ќе се одржи оваа борба, бидејќи Џошуа инсистира на борба во Европа, а скоро сите ривали на американскиот контитент.