Џoшуа е голем шампион, но и голем човек – донираше за аматерскиот бокс да не згасне

Ентони Џошуа, покрај тоа што е светскиот шампион во бокс во тешка категорија, е уште поголем човек. Тоа уште еднаш го докажа со својата помош кон аматерскиот бокс во Велика Британија. 

Боксот не беше вклучен во списокот на спортови кои добија вкупно 300 милиони фунти државна помош во ноември, па поради тоа бројни клубови и сали мораа да бидат затворени, но токму ним Џошуа реши да им помогне.

„Да немаше такви места, немаше да бидам ниту јас тоа што сум сега. Во тие сали може да тренира секој, без оглед на изгледот или потеклото. Ако тие сали беа затворени кога бев тинејџер, кој знае каква личност би бил“, рече шампионот. 

Како аматерски боксер, Џошуа освои златен медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година и веднаш потоа ја започна својата професионална кариера.

Точната сума не е наведена, но според пишувањата на британските медиуми, Џошуа донирал повеќе од 100.000 фунти за аматерски бокс.