ВИДЕО: Џејк Пол заврши во болница, Џошуа му ја скрши вилицата со нокаут

Ентони Џошуа пред борбата објави дека ќе му ја „земи душата“ на Џејк Пол, поранешен јутјубер, а сега еден од најпознатите професионални боксери во светот.

Може да се каже дека таа најава ја спроведе на дело на мечот одржан во „Кејси Центарот“ во Мајами. Британецот Џошуа, поранешен светски шампион во тешка категорија, го сопре Американецот Пол во шестата рунда со моќен нокаут. Џејк Пол ја почувствува моќта на десната рака на Џошуа на тежок начин. По борбата, тој беше хоспитализиран, а според американските медиуми, има скршеница на вилицата.

Пол (28) ја пропушти прес-конференцијата по борбата поради нокаутот, а Накиса Бидариан, директорка на компанијата „Мост Валуабл Промоушнс“, потврди дека Пол отишол во болница.

По натпреварот, „Еј-Џеј“ го направи она што многумина го очекуваа - го „повика“ сонародникот Тајсон Фјури, велејќи дека го сака за свој следен противник.