• Иван Димовски
Џејк Пол го доби бокс-спектаклот во Тексас, откако доминантно го победи Мајк Тајсон кој направи кам-бек во рингот. Младиот јутјубер, кој се бори за високи награди во боксот, славеше на мечот со легендата по едногласна одлука на судиите.
Поранешниот апсолутен шампион не можеше да му парира на противникот. Тајсон едвај „фаќаше“ по некој удар против 31 година помладиот противник. Пол го искористи тоа, чесно го изудира екс-првакот, иако не успеа да ја исполни најавената победа со нокаут. По рунди тој го доби мечот со 80-72, 79-73 и 79-73.
Круцијална беше поголемата брзина на Џејк Пол, кој диктираше темпо, боксуваше сигурно и релативно лесно ги одбегнуваше ударите на ривалот.
На крајот статистиката вели дека Тајсон успеа да погоди 18 од 97 удари, додека Пол „фрли“ 278, а погоди 78 од нив.