Џан Демиров поразен од Унгарецот Шака на „Белградси победник 2019“

Македонскиот боксерски репрезентативец Џан Демиров загуби од Иштван Шака од Унгарија во борбата во категоријата до 52 килограми на меѓународниот турнир „Белградски победник 2019“.

Демиров капитулираше во втората рунда по одбројување на судијата во рингот. Со ова завршија настапите на македонските боксери на овој престижен турнир.

Претходно, Арсим Етеми загуби од Ван Дер Пакс од Холандија со прекин во втората рунда, Јасин Љама беше поразен на поени од турскиот боксер Хакан Доган, а Гоце Јанески не успеа да го совлада Јарослав Самофалов од Украина.

Следен настап за нашите репрезентативци во благородната вештина е Европското првенство за кадети во Галати, Романија од 22 мај до 2 јуни.