Две победи на македонските боксери на првиот ден од Балканското првенство

Бокс репрезентацијата на Македонија забележа две победи и два порази на Балканското првенство во српскиот град Лозница. 

Славенички во своите мечеви минаа Ардијан Рустемовски и Тарик Весели, додека неуспеси забележаа Наум Стојаноски и Сонер Ајрушев. 

Јуниори

57 кг - Сонер Ајрушев – Џан Aјрадин Ахмедов (Бугарија) 0-5 ТКО Р2
63 кг - Тарик Весели – Емир Шерифовиќ (БиХ) 5-0 ТКО Р2

Млади

54 кг Ардијан Рустемовски – Стивен Џиџи (Албанија) 4-1
71 кг Наум Стојаноски – Иван Вожњи (Украина) 0-5

Веќе утре продолжуваат настапите на нашите боксери, а во рингот ќе влезат Тарик Весели и Димитар Ѓорески.