• Зоран Мишевски

Нов голем успех на македонскиот бокс. Боксерската репрезентација со два бронзени медали го заврши учеството на јубилејното шеесетто издание на меѓународниот турнир од А категорија „Белградски победник“.
Илхан Озмен во категоријата до 63,5 килограми, во четвртфиналето го декласира државниот првак на Казахстан и азиски првак, Васили Самчук со 5-0, меѓутоа беше оневозможен да учествува во полуфиналната борба против Лаи Чу Ен од Тајпеј поради повреда на аркадата. Така мораше да се задоволи со бронзениот медал.
Ален Рустемов пак, во категорија до 57 килограми, по победата во четвртфиналето против домашниот боксер, Србинот Лазар Пантиќ, во полуфиналето беше поразен од италијанскиот боксер Микеле Балдаси со 4-1 и исто така со бронзен медал го заврши настапот на силниот турнир.
Викендов во белград учество зедоа 225 боксери од 25 земји.