Двајца македонски боксери дел од професионален спектакл во Рим

В сабота во италијанскиот Рим ќе се одржи професионален боксерски спектакл, во организација на Поенокс тим. На настанот ќе настапат нашите професионални боксери Денис Муаремовски и Јове Петровски со менаџерот Дарко Чатлески.

„Борбите ни се за отскок во светската професионална боксерска ранг-листа. На Денис ова му е четвртата профи борба и ќе се бори против искусниот Марко Колацеци од Италија, на дoмашен терен во шест рунди. Јове Петровски е дебитант, ќе боксува против италијанскиот дебитант Давиде Тибери, исто така во шест рунди. Доколку победиме на овој настан ќе се крене рангот на нашите боксери. Тие се во одлична форма и се надеваме дека ќе направиме добар резултат”, истакна Дарко Чатлески.

Искуството од професионални борби е од големо значење за двајцата наши млади боксери.