Два порази на боксерите јуниори на турнирот во Мостар 

Македонската репрезентација во бокс во категоријата јуниори, викендов настапи на меѓународниот турнир во „Мостар 2019“ со двајца боксери - Елес Асанов во категоријата до 52 килограми и Хурмет Јонузов во категоријата до 75 килограми. 

Елес Асанов загуби од Ибраим Букедим од Франција со прекин од страна на судијата, а Хурмет Јонузов беше поразен од Давид Коцзиан од Унгарија на поени.

Македонија на турнирот учествуваше и со еден судија, Радмила Симевска која судеше во квалификациите, но и на финалниот ден што е големо признание за нашата судијка на турнирот во Мостар.