Два медали за младите македонски боксери на младинската „Златна ракавица на Војводина“

Нов одличен резултат на меѓународна сцена на македонскиот младински бокс. На Меѓународниот турнир за младинци „Златна ракавица на Војводина“ во Суботица, Македонија настапи со тројца боксери, кои што се освоени два медали – сребро и бронза. Софија Станковска се закити со сребрен медал, а Матеа Илиевска со бронза.

Боксерите предводени од Реџеп Реџеповски не забележаа победа, но стекнаа драгоцено искуство на овој силен меѓународен турнир за младинци.

„Златна ракавица“ на Војводина:
Финале

60 кг. Софија Станковска – Нора Илеш (Унгарија) 0-5 ТКО Р1

Полуфинале
65 кг. Матеа Илиевска – Ештер Торо (Унгарија) 0-5 ТКО Р3

Четвртфинале
65 кг. Ерјон Саити – Петер Пинтер (Унгарија) 0-5

На турнирот настапија 42 боксери – 12 во женска и 30 во машка конкуренција. Во нашиот тим беше и судијката Радмила Симевска.