Дури и да загуби Ентони Џошуа ќе заработи повеќе од Енди Руиз

Ентони Џошуа и Енди Руиз ќе ги вкрстат ракавиците на борбата во Ријад за светска титула. Без разлика на исходот, Британецот ќе добие 66 милиони фунти. Ако ги издржи сите 12 рунди, Џошуа ќе заработи дури 5,5 милиони фунти по рунда.

Сумата која ќе ја заработи Руиз не е позната, но сигурно е помала од заработката на Џошуа. Доколку го порази Руиз, поранешниот шампион ќе заработи и поголема сума на пари во следните борби.

Ако излезе во рингот со Валдер или Фјури, Џошуа ќе заработи сума која може да биде еднаква на светски рекорд за еден бокс меч.