• Зоран Мишевски
Обединетите Арапски Емирати и Дубаи се најсериозен кандидати за домаќинство на големата боскерска реванш-пресметка меѓу тешкашите Тајсон Фјури и Владимир Кличко.
„Огромен број на држави активно се вклучија во аплицирајето за домаќинство на спектаклот. Понуди, има од сите страни, а ние сега треба добро да ги разгледаме. ОАЕ имаат сериозен предлог, а и прилично се упорни да ја добијат борбата“, изјави тренерот на Тајсон Фјури, Питер Фјури.
На 7. мај е закажан реванш мечот меѓу германскиот и британскиот боксер, но се уште не се знае со сигурност каде тој ќе се одржи. Кличко загуби на поени од Фјури во првиот дуел.