Дон Кинг му даде предност на Кличко: За Џошуа да го победи, треба да го направи невозможното

Американскиот боксерски промотор Дон Кинг го посочи Владимир Кличко како јасен фаворит за титулата светски шампион во супертешка категорија во борбата со Ентони Џошуа која следи.

„Ако сака да го победи Кличко, Џошуа треба да го направи невозможното. Кличко не треба да оди во пензија по мечот со Џошуа, независно дали ќе победи или загуби. Тој се уште е многу добар, смета Дон Кинг.

Спектаклот Кличко – Џошуа ќе се одржи на стадионот „Вембли“ во Лондон на 29 април. Продадени се сите 90.000 билети, со што ќе биде подобрен рекордот за посетеност во новата историја на британскиот бокс.