• Горан Упале

Во салата „Македонски херои“ при Факултетот за физичка култура во Скопје се одржа 32-то Државно поединечно првенство во бокс, на кое беа прикажани низа интересни и неизвесни борби.
Публиката имаше можност да проследи неколку возбудливи соочувања, кои завршија со тесен резултат, додека дел од фаворитите ја оправдаа улогата и сигурно стигнаа до победите.
Со ова првенство Македонија ги доби новите државни шампиони во поединечна конкуренција. Во сениорска конкуренција Ален Рустемовски се закити со златниот медал во категоријата до 65 килограми. Неговиот брат Ружди е шампион во категоријата до 70 килограми, додека Муарем Муерами триумфираше во „најтешката“ категорија до 85 килограми.
Во конкуренција до 75 килограми државен шампион стана Алим Насуфи, а до 80 килограми најдобар беше Енис Алиу.