ВИДЕО: Дионтеј Вајлдер го нокаутира Вашингтон и ја одбрани ВБЦ титулата

Американскиот боксер Дионтеј Валјдер ја одбрани светската титула во тешка категоријa во ВБЦ верзијата, откако го нокаутира во петтата рунда Џералд Вашингтон.

Шампионот до победата стигна по серијата удари кон противникот, по кој неговиот ривал падна во рингот, а судиите го прекинаа мечот. За Вајлдер победата беше негова 38. по ред во исто толку меча, од кои 37 се со нокаут.

Вајлдер сега ќе се обиде да ги обедини сите титули во тешка категорина, а на патот му стојат ВБО шампионот Џозеф Паркер и победникот од дулеот помеѓу Кличко и Џошуа.