Димовски: Регионалната боксерска лига е голем проект

Денес во Сараево беше официјализирана регионалната лига во бокс. На истата ќе учествуваат боксери од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Хрецеговина и Словенија, кои ќе бидат поделени во две групи од по осум тима.

Претседателот на Боксерска федерација на Македонија, Примислав Димовски, изјави дека е ова голем проект, со огромно значење за регионот и особено македонскиот бокс.

„Јас сум голем оптимист околу целиот проект. Мислам дека ќе успееме, имаме соработка која претходно не постоеше меѓу претседателите на Боксерските федерации од поранешните Екс-Ју републики. Имаме потешкотии ние во Македонија но со помош на Србија, Хрватска, БиХ, Словенија,  се надевам дека ова ќе донесе успех на сите нас. Особено за нас кои малку потонавме во последните неколку години. Се надеваме дека наскоро ова ќе донесе позитивен резултат. Оваа лига не може да не донесе успех. Боксот порано имаше успеси, тогаш овој за овој спорт имаше интерес, ние сме мала држава но имаше услови со кои тие станаа шампиони. Ние се надеваме дека ќе биде добро, не знам дали ќе се појави нов Аце Русевски или Реџеп Реџеповски, но очекуваме позитивен ефект“, изјави Примислав Димовски.

Новоформираната регионална лига треба да стартува во мај оваа година.