Димовски и Саити на професионални борби во швајцарски Базел

Најдобриот македонски боксер и кик-боксер и шампион во тешка категорија, Алексанадар Димовски в сабота на 24 февруари во „Крос хал“ во Базел ќе се бори против Кристоф Нади во својата прва професионална борба годинава.

Димовски настапуваше во Регионaлната лига во бокс за Пинк Пантер од Штип, повеќе години е државен шампион на Македонија во бокс и кик бокс.

На истиот настан ќе настапи и кичевчанецот Урим Саити, кој ќе се сретне со Тибор Варга.