• Зоран Мишевски

Боксерската федерација на Македонија го награди Ардијан Аземи со 120.000 денари по повод успехот на Европското првенство во Будва. Парична награда му е доделена и на тренерот Насер Харуни во висина од 60.000 денари.
Претседателот на Боксерската федерација на Македонија, Примислав Димовски по повод успехот во Будва рече:
„Драго ми е што имаме успех во боксот, по медалите во деведесетите години имавме голема пауза кога се успесите во прашање. По мојот медал во 1995 година, потоа на Чатлески, Гоергиески и Салиху, и оној историски во сениорска конкуренција на Вели Мумин, имаме прв медал од младинско Европско првенство.
Горди сме на овој успех среќни и радосни, ова е не само наш успех во федерацијата, ова е значаен момент за спортот во Македонија во моменти кога живееме во услови на пандемија. Ги наградивме Ардијан Аземи и Насер Харуни парично, медалистот Аземи со 120.000 денари, тренерот со 60.000 денари. Сакам да истакнам дека покрај нив на Европското првенство во Будва настапија и браќата Илхан и Ајхан Озмен и тренерот Васко Цубалевски. Благодарни сме за тоа што го направија за промоција на македонскиот бокс. Сакам да упатам посебна благодарност и до Алкалоид и господинот Живко Мукаетов кои го реализираа нашиот ваучер во услови на пандемија и го помогнаа боксот кога беше најпотребно“, изјави Димовски на прес-конференцијата.
За Македонија ова е прв медал во младинска конкуренција по 1995 година, по успехот на Примислав Димовски во Турција.