• Саше Љолес
Дејан Митровски-Урко ја доби довербата од Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија и останува нејзин предводник и во следниот мандат.
Делегатите на собранието гласаа помеѓу Митровски и неговиот противкандидат Димитар Ѓорѓиев, но довербата ја доби досегашниот претседател, кој најави напорна работа и во наредниот период.
„Задоволство ми е што продолжуваме по патот кој го градевме изминативе години. Успеавме максимално да ја заживееме федерацијата која годинава има дури шест номинирани во изборот за најдобри спортисти на годината.
Тоа укажува дека добро работиме и дека мораме да продолжиме со ист ритам. Целта останува иста, а таа е развој на нашиот спорт и успех на сите наши борци“, истакна Митровски.
Кик-бокс федерацијата на Македонија го има и најдобриот спортист за минатата година во изборот на Град Скопје, а тоа е Бобан Илиоски, кој се закити со златниот медал на Европското првенство во Атина.