• Горан Упале
Боксерите на Вардар имаа одличен настап пред својата публика и во рамките од четвртото коло од групата А на регионалната лига во бокс, запишаа убедлива победа над Железничар од Босна и Херцеговина, со резултат 14-6.
За македонскиот претставник ова беше деби победа во регионалното натпреварување оваа сезона, со која останува во игра за пласман во полуфиналето. Вардаровите боксери победија на седум борби. За бодови се изборија Бериша Јетон, Јасин Љама, Бајоку Шпетим, Лео Јовановски и Арсим Етемеи. Порази запишаа Оран Шакировски, Ерлаб Бериша и Арианит Пачаризи. Во младинска конкуренција вардарци впишаа две службени победи, противникот немаше свои боксери во категориите до 56кг и над 91кг.
Во групата А, Вардар е трет на табелата со два бода. Прва е Лозница со осум, а Железничар е втор со четири бода. Следен предизвик за „црвено-црните“ е дуелот со Лозница во февруари следната година.