Де ла Хоја пак претера со алкохолот и за кратко преноќи в затвор

Поранешниот легендарен боксер Оскар де ла Хоја пред два дена неочекувано бил уапсен заради брзо возење на автомобил под дејство на алкохол.

Де ла Хоја бил тестиран и откако било утврдено дека конзумирал алкохол, бил приведен во полициска станица. По интервенција на неговиот менаџер, полицијата го пуштила на слобода.

Де ла Хоја се повлече од боксот по поразот од Мани Пакијао во 2008 година, неколку пати беше на лекување од зависност на алкохол и дрога, а сега e претседател на Голден бој промоцијата.