• Горан Упале

Синоќа на преполниот „Вембли“ британскиот боксер, Ентони Џошуа, со технички нокаут го победи далеку поискусниот Владимир Кличко во борбата за светската титула во ИБФ верзијата.
Џошуа и Клично ни приредија спектакуларна и незаборавна борба, а по мечот еден детаљ привлече големо внимание кај британските медиуми. Тоа е моментот кога Кличко лежеше послан на подот, а ставот на Џошуа е скоро идентичен како оној на легендарниот Мохамед Али во своите најдобри боксерски денови.
Дали Џошуа може да биде наследникот на Али, ќе покаже времето, но судејќи по неговите настапи и борби, дефинитивно е на вистинскиот пат.