Црна Гора, Бугарија и Италија домаќини на Европските првенства во бокс

Европската боксерска конфедерација (ЕУБЦ/EUBC) ги објави организаторите на следните континентални натпреварувања. Нови термини добија три возрасни групи – кадети, јуниори и јуниори до 22 години.

Извршниот комитет според новиот календар, Европскиот шампионат за кадети го пренасочи во Будва (Црна Гора) од 11 до 23 ноември. Бугарија ќе биде домаќин на континенталното натпреварување за јуниори од 23 ноември и 3 декември во Софија.

Европскотпо првенство за бокс до 22 години закажан е од 8 до 18 декември во Италија.