„Циганскиот крал“ го чека драконска казна ако лажирал извештаи!?

Британскиот боксер Тајсон Фјури би можел да се соочи со суспензија ако тврдењата на фармер дека тој бил вмешан во допинг-афера се покажат како точни.

Фјури во февруари 2015 година беше позитивен на стероидот нандролон, а боксерот наведе дека стероидот се покачил, бидејќи јадел некастрирана дива свиња.

Фармерот Мартин Керфут од Ланкашајр испратил две изјави до Британската анти-допинг агенција (УКАД) дека му било нудено да соопшти дека ги снабдувал боксерите со месо од дива свиња за надомест од 25.000 фунти, кои подоцна никогаш не му биле исплатени.

Боксерот се нема огласено за тврдењата дека резултатите биле лажирани. Но, британските служби го разгледуваат случајот. Доколку Фјури лажел, ќе добие драконска казна. Според правилникот за лажирање на извештај следи осумгодишна суспензија. Истата ќе важи и за неговиот братучед Хуџи Фјури.

Фјури се врати во рингот со победа против Дионтеј Вајлдер и минатиот месец ја освои ВБЦ титулата.