• Горан Упале

Поранешниот менаџер и пријател на Мајк Тајсон, Рој Холовеј, тврди дека еден од најдобрите боксери на сите времиња бил многу мек кај припадниците од понежниот пол.
Во својата биографија, Холовеј, откри неколку интересни детали од животот на „Челичниот Мајк“ и уште еднаш ја потврди тезата дека жените биле најслабата точка на Тајсон.
„Бев шокиран таа вечер, затоа што во негово друштво ја видов Неоми Кембел. По извесен период тој отиде во тоалет, а потоа му се придружи и манекенката. Јас бев задолжен да ја чувам вратата да не влезе некој и на сите им велев дека тоалетот е зафатен“, вели Холовеј.
Тајсон поради својата слава и пари секогаш можел да ги бира своите девојки, но еден период го мина во затвор заради силување на Дезире Вашингтон.