Чуден избор на „BoxRec“: Мејведер најдобар на сите времиња, Али четврти, а Тајсон го нема

Флојд Мејведер е прогласен за најдобар боксер на сите времиња во изборот на угледниот боксерски медиуми „BoxRec“.

Американскиот боксер пред две години ја заврши својата професионална кариера со неверојатен скор од 50 победи и ниту еден пораз, што можеби беше пресудно за „BoxRec“ да го стави на лидерското место. 

На втората позиција се најде Мани Пакјао, трет е Карлос Монзон, додека легендарниот Мохамед Али го зазема четвртото место. 

Интересно од овој избор е тоа што меѓу првите десет во историјата немаше место за неколку великани, како што се Мајк Тајсон, Ивандер Холифилд, Ленокс Луис.