• Сашо Поповски

Дерек Чисора славеше во тешкашкиот судир против Кабрат Пулев и го освои шампионскиот појас во ВБА категорија.
Британецот стигна до победата по цели дванаесет рунди. Двајца судии гласаа во негова корист со 116-112 и 116-114, а еден за неговиот ривал од Бугарија (112-116).
Многумина се изненадија од победата на 38-годишникот. Тој успеа да му се реваншира на Пулев, по поразот во првото соочување пред шест години.
Пулев го запиша третиот пораз во професионалната боксерска кариера.