Чисора се појави со маска од Борис Џонсон и со непристојни закани кон Пулев

Љубителите на боксот со нетрпение ја очекуваат борбата меѓу Дерек Чисора и Кубрат Пулев во „О2 Арената“ во Лондон. Шест години по нивната битка во 12 рунди за европската титула во тешка категорија, која ја доби бугарскиот боксер, следи шанса за реванш од страна на Британецот. 

Чисора на мерењето пред борбата се појави во маска со ликот на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, кој си поднесе оставка неделава.

„Ќе го тргнам источноевропскиот робот Пулев, кој иронично се нарекува Кобра, од патот кон светската титула. Пулев е гомно. На крајот на борбата ќе го оставам да лежи на подот“, се закани Чисора.

41-годишниот Бугарин Пулев во претходниот меч на поени го совлада Џери Форест во првиот меч по поразот од Ентони Џошуа со нокаут пред две години. Предизвикувачот Чисора ги загуби последните три борби, сите на поени.

„Чисора нема што да понуди.. Тој не победувал боксери дури и како Тони Томпсон. По борбата судијата ќе ја подигне мојата рака, а Чисора може да замине во пензија“, му одговори Пулев.

Бокс мечот се очекува во „О2 Арената“ ноќва после полнок.