Чисора: Би било одлично сега да се борам со Вајлдер

Британскиот боксер Дерек Чисора го победи Бугаринот Кубрат Пулев во спектакл во лондонската „О2 Арена“ и со тоа стана шампион во тешка категорија во ВБА категоријата.

Чисора ја прекина серијата од три порази и му се одмазди на Пулев за поразот пред 6 години.

„Беше тешко да се победи Пулев. Во осмата рунда тој ме удри со аперкат и ќе излажам ако кажам дека не сум повреден. Сепак, се созедов и победив. Би било одлично сега да се борам со некој како Деонтеј Вајлдер“, изјави Чисора.

Дерек Чисора беше подобар од Кубрат Пулев, победувајќи со поделена судиска одлука: 116-112, 112-116, 114-116.