„Челичниот Мајк“ заработи вртоглави суми, ама која е неговата најплатена борба?

Мајк Тајсон важи за еден од најдобрите боксери во историјата, а во кариерата имаше и доста добра заработка.

Според податоците, „Челичниот Мајк“ има заработка од околу 557 милиони фунти, но се најде во проблем затоа што трошеше на скапи апартмани, автомобили и живееше во голем луксуз.

Најголемата заработка Тајсон ја имаше во 2002 година од борбата со Ленокс Луис, по која заработи 28,4 милиони фунти. На втората позиција по заработката се наоѓа борбата со Брус Селдом во 1996 (28,4 милиони фунти), додека третото место ѝ припаѓа на онаа со Ивандер Холифилд, исто така во 1996 година, кога доби 24,4 милиони фунти.

Тајсон во 1986 година стана најмладиот шампион во светот, а кариерата ја заврши во 2005 година. Во кариерата на Тајсон, најмногу влијаел тренерот Кас Д’Амато, кого Мајк го сметал за свој „бел татко“.