• Саше Љолес

Славниот Мајк Тајсон и јутуберот Џејк Пол, официјално ќе ги „вкрстат“ ракавиците на професионален меч кој ќе се одржи на стадионот во Арлингтон, каде настапува НФЛ тимот Далас Каубојс.
Мечот ќе има осум рунди и ќе се пренесува во живо на стриминг-платформата „Нетфликс“, а во салата се очекува да има над 80.000 посетители.
„Челичниот Мајк“ има 58 години и ќе влезе во рингот со Пол, кој е дури 31 година помлад од него, а ова ќе му биде прв меч по оној со Рој Џонс Џуниор во 2020 година. Ова ќе биде најголемата разлика во години помеѓу двајца учесници во професионалниот бокс.