Чаир шампион на Македонија во бокс, Шкендија Но Лимит прва во младинска конкуренција

Викендов во Штип се одржа последното шесто коло во екипна конкуренција во бокс - Прва и Младинска лига на Македонија. Во Првата лига, екипата на БК Чаир со освоени 65 бодови е нов шампион на Македонија во сениорска конкуренција. Второто место го освои БК Пелистер 2007 со 48, а на третата позиција заврши БК Универзалци од Скопје со 42 бода.

Во младинска конкуренција БК Шкендија Но Лимит е шампион на Македонија со убедлива предност во однос на конкуренцијата. Клубот од Тетово освои 83 бода, на второто место заврши БК АС од Прилеп со 50 бодови, а на третото место оваа сезона се пласираа младите боксери на Борец од Велес со 39 бода.

Со натпреварите во Штип заврши сезоната во екипното првенство, викендот на 19 и 20 октомври ќе се одржи поединечното првенство на Македонија во бокс.