ВИДЕО: Целосниот тренинг изгледа застрашувачки - Тајсон брз и моќен како на млади години

Мајк Тајсон

Мајк Тајсон одлучил да се врати во рингот, а тоа го потврди со ново видео и детали од неговите тренинзи.

53-годишникот, кој важи за еден од најпознатите боксери на сите времиња, е подготвен да направи спектакуларен кам-бек. На видеото потврдува дека во блиска иднина одново ќе го гледаме со ракавици со зборовите: „Се враќам“.

Тоа се идентичните зборови кои ги кажа Ивандер Холифилд пред неколку дена, кога најави дека и тој планира одново да боксува. Се шпекулира дека овие двајца големи ривали по третпат ќе застанат еден наспроти друг.

Тајсон ги загуби двете борби, но според она што се гледа на видеото, најавува дека е подготвен за нов судир. Последна борба за него е поразот од Кевин МекБрајд во 2005 година.