• Зоран Мишевски
![](https://www.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/articles/2017/10/17/103358-josua-vs-pulev.jpg?itok=3k-JDk8R)
Бугарскиот боксер Кубрат Пулев се повреди на тренинг и неговиот настап по борбата за титулата во тешка категорија со Британецот Ентони Џошуа е доведен под знак прашалник.
Британецот Џошуа веројатно ќе остане без ривал на „Принсипалити“ во Кардиф на 28 октомври, па иако преку 70.000 билети се продадени, може да дојде до откажување на спектаклот.
36-годишниот Пулев скинал мускул на тренинг пред неполни две недели и потребни му се повеќе од еден месец да заздрави, па мечот би можел да биде презакажан за ноември или декември.