ВИДЕО: Бугаринот Пулев го победи Џонсон и го чека победникот од спектаклот на „Вембли“

Бугарскиот боксер Кубрат Пулев ја одбрани интерконтиненталната титула на Светската боксерска асоцијација, откако на доминантен начин го нокаутираше Кевин Џонсон. Така Пулев сега е официјален кандидат за шампионската титула на ИБФ и го чека победникот од дуелот вечерва на „Вембли“ помеѓу Ентони Џошуа и Владимир Кличко.

Пулев со судиски одлука ја доби борбата со Американецот, кој иако во подредена улога издржа 12 рунди на рингот. Публиката во „Арената Армеец“ во Софија уживаше во спектаклот и со еуфорија ја прослави едногласната одлука на судиите за победа на Бугаринот. 

Пулев има 26 меча во кариерата, 25 од нив победил, а 13 пати славел со нокаут. Владимир Кличко кон крајот на 2015 година е единствениот кој го совладал и тоа со нокаут во мечот за титулата.