Британски фармер тврди дека лажел за допинг тестот на Фјури во 2015 година

На повидок е голем скандал во светот на боксот. Британскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури е обвинет за прикривање на допинг тестот пред пет години. Член на тимот му ветил 25.000 фунти на фармер за да лаже за позитивниот тест на боксерот.

Фјури во февруари 2015 година беше позитивен на стероидот нандролон, а боксерот наведе дека стероидот се покачил, бидејќи јадел некастрирана дива свиња. Фјури и неговиот братучед добија казна од две години, па „циганскиот крал“ се врати и со победата против Дионтеј Вајлдер минатиот месец ја освои ВБЦ титулата минатиот месец.

Фармерот Мартин Керфут од Ланкашајр тврди дека потпишал две изјави до Британската анти-допинг агенција (УКАД) дека ги снабдувал боксерите со месо од дива свиња за надомест од 25.000 фунти, кои никогаш не му биле исплатени.

Ќе биде отворен процес на Британската анти-допинг агенција, а Фјури ризикува нова суспензија ако се докаже дека свесно сакал да ги измами професионалците од анти-допинг агенцијата.