Британски боксер падна на допинг тест и го чека едногодишна пауза

Голем скандал ја тресе бчагородната вештина. Боксерот, Амир Кан, доби двегодишна суспензија, објави британската анти-допинг агенција.

Користењето на недозволената супстанца остарин го чинеше Кан забрана од боксерски мечеви во следниот период.

„На 19 февруари 2022 година, агенцијата зеде примерок од урина од Кан пред борбата со Кел Брук. Примерокот покажа присуство на остарин“, се вели во соопштението.

Кан кој ќе ја одлежи казната до петти април во 2024 година, рече дека внесувањето на остарин не било намерно. Амир Кан има 34 победи и пет порази.