• Иван Димовски

Легендарниот боксер, Мајк Тајсон реши да се врати од пензија и да настапи на неколку егзибициски бокс мечеви.
„Челичниот Мајк“ веќе тренира и за него се бараше противник. Се шпекулираше дека тој повторно ќе боксува против Ивандер Холифилд, но очигледно прв противник ќе му биде Шенон Бригс, кој го потврди мечот.
„Тукушто се договорив со Мајк Тајсон. Ќе има борба, тоа е официјално. Тоа ќе биде вистинска битка“, рече Бригс.
Засега нема официјална потврда од Тајсон за мечот, но веројатно Шенон не си зборува на празно. Исто така треба да се сочека и да се види датумот кога ќе се одржи овој спектакл на двајцата пензионирани боксери кои низ кариерите имаа само по шест порази.