Браќата Рустемовски обезбедија три финалиња за Македонија на Балканското првенство во бокс

Македонските боксери, браќата Рустемовски обезбедија три финалиња за нашата држава на Балканското првенство во бокс кое се одржува во Лозница, Србија.

Ален и Ружди Рустемовски со одлични борби обезбедија две финалиња во сениорска конкуренција, а претходно истиот успех го забележа и нивниот брат Ардијан, кој ќе се бори за златниот медал во младинска конкуренција. Ова е еден од најголемите успеси на Балканските првенства во најновата историја на овој спорт во нашата земја.

Ален Рустемовски славеше со прекин во втората рунда против Михајло Ѓекиќ од Босна и Херцеговина, додека Ружди го победи Украинецот Русијан Шилов со едногласна судиска одлука од 5-0.

Млади - финале:
54 кг. – Ардијан Рустемовски – Максим Зименко (Украина) - 22 ноември

Сениори - финале:
57 кг. – Ален Рустемовски –Денис Роздолски (Украина) - 23 ноември

Сениори - финале
60 кг. –  Ружди Рустемовски – Стефан Чамовиќ (Србија) - 23 номеври