• Зоран Мишевски
Младите македонски боксери Ружди и Ален Рустемовски го завршија настапот на Европското првенство за боксери до 23 години во Софија.
Ружди Рустемовски во категоријата до 60 килограми во борбата со Џек Драјден од Англија до прекинот беше рамноправен, но втората рунда два силни удари при што судијата му броеше и борбата беше прекината. Ален Рустемовски беше поразен од Ирецот Шејн Гивен во осминафиналето.
Денес на шампионатот ќе настапи Енис Алиу во категоријата до 71 килограм.
На оваа првенство боксуваат 327 натпреварувачи од 35 земји.