Боксот станува дел од ЛОИ 2028 во Лос Анџелес

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах му препорача на генералното собрание боксот да биде вклучен во програмата на Летните Олимписки Игри во Лос Анџелес во 2028 година.

„На состанокот на Извршниот одбор на ИОК донесовме една правилна одлука, а тоа беше да го вклучиме боксот во програмата на Олимписките игри во Лос Анџелес“, изјави Бах.

Одлуката мора да биде усвоена на седницата на собранието во Грција, каде оваа недела ќе се избира нов претседател на Интернационалниот Олимписки Комитет.

Бах изрази увереност дека ќе биде донесена позитивна одлука за вклучување на боксот на Летните Олимписки Игри.