Боксот останува олимписки спорт, но ИОК и натаму не ја признава АИБА

Спортот кој го нарекуваат уште благородна вештина - боксот ќе остане дел од олимпиското движење. И покрај заканите дека ќе биде исклучен овој спорт редовно ќе се најде во програмата во Токио во 2020 година. Сепак, Интернационалната асоцијација за аматерски бокс (АИБА) не доби признавање, одлучи извршниот борд на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ).

Олимписките квалификации од јануари до мај следната година ќе ги организира специјално тело на ИОК, а не АИБА како досега. По истрагата за финансиските малверзации во АИБА, боксерската асоцијација го загуби кредибилитетот, но откако не сакаше да се реформира, ризикуваше спортот да го загуби своето место во олимпиското движење.

Претседателот на АИБА, Гафур Рахимов се најде на листата за санкции од американската влада поради „давање на материјална поддршка“ на криминални организации. Мухамед Мустасане го наследи, но процесот на малверзации во АИБА не е разрешен и затоа замрзнати се сите односи меѓу ИОК и АИБА.