• Зоран Мишевски
Еден од најстарите спортови, благородната вештина – боксот може да го загуби статутот олимписки спорт, ако Интернационалната боксерска асоцијација не ги реши интерните проблеми.
Претседателот на Олимпискиот комитет, Томас Бах потврди дека боксерската асоцијација со месеци е во незавидна ситуација, бидејќи битката за претседателското место и натаму трае и светот на боксот со месеци нема свој предводник.
Се разгледува опцијата за исклучување на боксот од Младинските олимписки игри, а потоа и од Олимпијадата во Токио во 2020 година. Благородната вештина така би загубила и многу финансиски средства кои ги добива од олимпиското движење.