ВИДЕО: Боксерскиот спектакл без победник, Тајсон незадоволен веднаш побара реванш 

Мајк Тајсон и Рој Џонс Џуниор по подолго време повторно се најдоа на рингот, но нивната долго очекувана борба во Лос Анџелес заврши без победник. Тоа беше кам-бек на „Челичниот Мајк“ на рингот по 15 години пауза, а заради фактот дека на спротивната страна имаше уште една легенда, овој дуел привлече големо внимание кај спортската јавност.

Дуелот на двете боксерски легенди, иако заврши без победник, не разочара. Тајсон тргна во напад уште од самиот почеток, константно го удираше Џонс и беше активен од рунда во рунда. Мајк изгледаше навистина феноменално и во свој стил се бореше во сите осум рунди, додека на спротивната страна Џонс беше уморен и се бореше повлечено.

Но, иако Тајсон беше многу поактивен во целата борба, на крај судиите донесоа одлука мечот за заврши без победник, па веднаш проработи темпераментот кај Мајк, кој лут поради ремито побара реванш. 

Борбата во „Стејплс Центарот“ во Лос Анџелес беше од хуманитарен карактер, па средствата кои требаше да ги добијат боксерите ќе бидат донирани.