БОКСЕРСКИ СПЕКТАКЛ: Пакјао и Кан договараат борба за светски првак

Боксерите Мани Пакјао и Амир Кан потврдија дека нивните претставници преговараат за меч за титулата светски првак во велтер категоријата на ВБО верзијата. Пакјао својот противник го бираше со помош на фановите на Твитер, а изборот падна на Британецот Амир Кан.

Кан доби 48% од гласовите, а зад него како потенцијални ривали беа и Кели Брук, Џеф Хорн и Теренс Крофорд.

„Моментално преговараме со Пакјао, Наскоро ќе бидат објавени сите детали, на оваа страница“, напиша 30-годишниот Кан на својот Твитер профил.

Истото го потврди и филипинскиот боксер, кој наведе дека и во скоро време очекува реализација на боксерскиот меч.

„Мојот тим преговара со Амир Кан, за нашата следна борба“, наведе Пакјао, кој е светски шампион во пест категории.

38-годишниот Пакјао изјави дека неговата следна борба ќе биде во Соединетите Арапски Емирати, каде ќе го брани освоениот шампионски појас во ноември со победата против Џеси Варгас.